Пет причини зошто враќањето кај бившиот партнер не е добра идеја

Сподели со своите пријатели

За многумина враќањето на поранешниот партнер делува како добро решение, посебно во моментите кога настапува досадата или кога нема нови љобовни романси на повидок. Ви пренесуваме зошто тоа не е добра идеја и кои се петте причини поради кои не би требало да се навраќате на поранешната љубов, без оглед што на моменти тоа ви изгледа како одлично решение.

Loading...

Мит број 1 – „Се промени“

Не е, и никогаш нема. Можеби на моменти престанал да ги прави работите кои ве излудувале или на неколку дена ја сузбил љубомората која во врската секојдневно ја ширел, но тоа сигурно не е долгорочна промена.

Овој пат е поинаку

Овој пат може да биде и полошо. Според едно истражување партнерите кои повторно стануваат пар помалку обрнуваат внимание на позитивните работи во својата врска, додека поголемиот дел од времете и нервите ги тораш на негативните работи.

Никогаш нема да најдам подобар

Никогаш ова не би требало да ви биде причина или изговор да му се вратите на бившиот. Подобар партнер ќе ве чека и тогаш кога вие самите ќе станете подобра пратнерка, а до тогаш не надевајте се на подобар.

Се уште го сакам

Loading...

Психолозите откриваат дека причината да се држите  до вакви навики или некои други слични е тоа што повеќе ве погодува губотокот, отколку што се радувате на добивката. Таму каде има љубов нема епитет бивш/а. Љубовта ги надминува проблемите, а егото е тоа кое ве води на прекинување на врската.

Никој не е совршен

Овој став е последица на вашиот конформизам и кукавичлук. Светот е полн со добри прилики кои само чекаат да ги искористите. Совршенството е во чувството за ваша среќа и лична исполнетост. Совршенството не се бара, туку се бара партнер со кој ќе чекорите низ животот мирни и безбедни. Важно е да се вклопувате и да ви биде убаво заедно.

Leave a Reply