Пет причини за победата на Џо Бајден

Сподели со своите пријатели

Кандидатот на Демократската партија на американските избори, што се оддржаа на 3 ноември, Џо Бајден победи на претседателските избори и во својот трет обид успеа да влезе во Белата куќа, откако речиси половина век од неговата кариера мина во политиката. Тој и неговата потпретседателка Камала Харис мораа да минат низ социјални немири во земјата, 230.000 умрени Амеиканци во пандемијата од коронавирусот, како и многу други тешки кризи.

Loading...

Би-Би-Си издвои пет причини зошто Бајден победи на крајот:

Ковид-19

Можеби најголемата причина за победата на Бајден, забележува аналитичарот на британскиот главен јавен медиум, беше целосно надвор од контролата на демократскиот кандидат. Меѓутоа, во земјата во која за девет месеци од Ковид-19 умреа повеќе од 230.000 лица, анкета на „Пју Рисрч“ покажа дека граѓаните, на прашањето кој подобро би ја водел нацијата во текот на пандемијата, имааа 17 проценти поголема доверба во Бајден отколку во Трамп. Не станува збор само за жртвите, туку и за разорните последици од пандемијата врз американската економија.

Пригушена кампања

За време на неговата кариера, Бајден се здоби со репутација, и Би-Би-Си тоа го забележува, главно заслужено, дека е наклонет самиот да си се доведува во проблеми. Тој самиот си предизвика потрес во својата прва претседателска кампања во 1987 година со еден од своите гафови. Затоа, до 2007 година не се ни осмелуваше повторно да се кандидира.

Вербалните гафови ги имаше и во оваа кампања, но овојпат тие беа реткост и не се дозволи да станат тема на кампањата. Ова се должеше на повеќе околности; од пандемијата, протестите за убиството на Џорџ Флојд, до економските процепи, што беа погласни од него. Покрај тоа, неговата кампања одеше на картата да не го турка на истурени позиции.

Секој, освен Трамп

Loading...

Кампањата на Бајден, поточно, неговите јавни настапи, постојано им се обраќаа на Американците, повикувајќи ги повторно да се обедини високо поделената нација, повикувајќи ги на „битка за душата на Америка“. Аналитичарот забележува дека станува збор за фактот дека граѓаните беа измачувани, истоштени од растурањето на емоциите и страста од страна на Трамп. Конечно, тоа значеше материјализирање на одговор на воскликот: „Секој, само не Трамп!“

Останување во центарот

За време на предизборот меѓу кандидатите на Демократите, Бајден се соочи со претставниците на партиската левица, Берни Сандерс и Елизабет Ворен, кои, овој пат, беа фантастично организирани и многу популарни. Во тој дел од кампањата, Бајден одби да го наруши јавното здравствено осигурување за секого, бесплатниот колеџ, оданочувањето на богатите … Последицата беше што Бајден стана толерантен дури и за републиканците кои беа измачени од Доналд Трамп.

Изборот на Камала Харис за потпретседател, исто така, одеше во таа насока, иако тој можеше да посегне и по Ворен или Сандерс од неговата лева страна, што би било неспоредливо попривлечно за младите гласачи. Меѓутоа, тој тоа го надополни со силната поддршка на зелената агенда, онаа што се однесува на транзицијата кон кружната, еколошка економија, сето тоа со отворање на бројни милиони „добри нови работни места“.

Повеќе пари помалку проблеми

До април оваа година, кампањата на Бајден имаше проблеми со буџетот. Анализата на Би-Би-Си тоа не го наведува, но додека се бореше како да им се допадне на младите, прогресивците во рамките на она што во ЕУ би се нарекол лев центар, кои силно беа застанти зад Сандерс, За Бајден во еден момент почна да се шпекулира дека тоа тој финансиски не ќе може да го издржи.

Меѓутоа, од април наваму, како што се повеќе се оформувашец седемократскиот фронт против Трамп, донациите растеа, а во октомври, Бајден имаше буџет поголем од оној на Трамп за 144 милиони долари. Парите меѓутоа не се се, што се покажа со поразот на Хилари Клинтон четири години претходно, но овој пат кампањата Баден-Харис ги искористи парите многу успешно, допирајќи до многу места во САД, за кои некои дури со децении наназад беше и незамислививо, некој друг освен републиканците, да можат да играат каква било политичка улога во нив.

Сашко Димевски

Loading...

Leave a Reply