Пет прекршувања на полицискиот час ноќва во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет прекршувања на полицискиот час ноќва во Куманово регистрирала полицијата, додека во изминатото деноноќие напишале 83 казни по однос на непочитување на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето.

Loading...

– Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (21.04/22.04.2021), по однос на Уредбата за задолжително носење заштита на лицето, евидентирано е дека на ниво на Секторот за внатрешни работи Куманово 117 лица не ја почитувалe, информираат од кумановската полиција.

Од вкупниот број издадени прекршочни налози, најголем дел се во Куманово 83, во Крива Паланка 28 и во Кратово 6.

За истите, како што појаснуваат од Секторот за внатрешни работи Куманово, ќе следуваат соодветни мерки.

Во истиот период 5 (пет) лица не ј почитувале забраната за движење.

Никола Ивановски

Leave a Reply