Пет пожари вчера низ кумановско

Сподели со своите пријатели

Пет пожари во текот на изминатото деноноќие изгаснале кумановските пожарникари, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првата интервенција била на запален смет на булеварот „Трета МУБ“, каде во период од 12:00 до 13:00 часот интервенирале двајца пожарникари.

Во атарот на селото Оризаре во Липково горело стрниште. Таму тројца пожарникари интервенирале од 14:10 до 16:10 часот.

Сува трева горела на улицата „Јоско Илиевски“, каде во период од 15:00 до 15:45 часот интервенирале двајца пожарникари.

Во липковско Матејче горела запалена сува трева и ниска шума со грмушки. Интервенцијата траела со часови односно од 16:30 до 00:35 часот утринава. Во гаснењето учествувале шесмина пожарникари на ТППЕ Куманово со две противпожарни возила и двајца вработени од Шумско стопанство Куманово.

Сува трева горела вчеравечер во атарот на селото Љубодраг при што интервенирале тројца пожарникари во период од 20:00 до 21:15 часот.

Никола Ивановски