Пет најголеми мистерии на човештвото кои и ден денес не мачат

Сподели со своите пријатели

И покрај фактот дека луѓето научно имаат обработено повеќе аспекти од нашиот живот, сепак постојат некои работи кои се` уште не можеме да ги разјасниме и да пронајдеме солиден одговор на тие прашања. Еве некои од нив, кои научниците ги сместија во топ 5.

Изгубениот град

Loading...

Атлантида е една од најстарите и најголеми мистерии на Земјата. Уште од древните времиња, луѓето се труделе да ја лоцираат Атлантида, за која се верува дека е потопена во цунами после земјотрес. Грчкиот филозоф Платон ја опишувал Атлантида како остров кој се наоѓал близу Гиблартар, домот на најголемата цивилизација на земјата. Според раскажувањата во Атлантида живееле најубавите луѓе, на неа се наоѓа храмот на Посејдон и целиот град бил опточен во злато. До денес никој не успеал да ја лоцира Атлантида и да го пронајде нејзиното богатство.

Мумии

Всушност, ова не се мумии туку совршено зачувани тела кои се пронајдени во многу катакомби во северна Европа. И покрај тоа што човечките тела се распаѓаат после смртта, овие тела, поради специфичноста на просторот никогаш не се распаднале, туку останале со совршено зачувана кожа и внатрешни органи. Илјада од овие тела датираат уште од железното доба и на многу од нив се наоѓаат траги од убиства, поради што се претпоставува дека станува збор за убивање на луѓе поради некој погански ритуал. Но се` уште не постојат докази зошто овие тела се така фрлени и зошто се пронајдени дел во Германија, Ирска, Велика Британија и други северни држави во Европа.

Џек Мевосек

Најзлогласениот убиец на сите времиња на кој и ден денес не му се знае вистинскиот идентитет. Станува збор за сериски убиец кој лутал низ Лондон измеѓу август и ноември 1888-ма година, кој е одговорен за брутални убиства на најмалку пет проститутки. Низ годините се појавија многу теории за тоа кој би можел да биде овој озлогласен убиец, се зборувало дури и за членовите на кралското семејство, но се` уште не е познато кој бил тој.

Стоунхенџ

За овој споменик се напишани многу статии и книги, но никој до сега не успеал да ја разјасни неговата функција. Стоунхенџ се наоѓа во долината Селисбери во Вилтшир во Англија. Составен е од многу камени блокови од кои секој тежи шест тони и кои се поставени еден до друг и еден над друг. Археолозите со истражувања дошле до заклучок дека овој споменик датира од 2.500 до 3.000 година пред Христот и се претпоставува дека е подигнат од страна на некоја неолитичка култура. И тоа е се` што се знае за него. Неговото значење и намена се` уште се енигма. Најчесто прифатена теорија е таа дека Стоунхенџ е гробница, што е потврдено со пронаоѓање на неколку гробови во негова близина кои датираат од истото доба.

Крал Артур

Кралот артур, мечот во каменот, волшебникот Мерлин и витезите на округлата маса се легенди за моќниот владетел кој ги победил Саксонците и го создал царството Англија, Ирска, Исланд, Норвешка и Франција. Но, за него не постои ниеден цврст доказ. Се` се темели на легенда која се проповедала меѓу војничките трупи за да им се подигне моралот. Освен таа легенда, не пости ниеден доказ.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.