Пет начини како да се ослободите од најголемиот порок во светот

Сподели со своите пријатели

Кашлањето, оштетени бели дробови и срцев мускул, непријатен здив и жолти заби и прсти, зголеме ризик од малигни заболувања и кардиоваскуларни болести – се само некои од последиците на пушењето.

Loading...

Овој порок е еден од најчестите во светот, а во ноември, инаку месецот посветен против борбата од болести на зависност, многубројни кампањи не потсетуваат дека што побрзо треба да се лишиле од овие нездрави навики.

Чадот од цигарата има повеќе од 4.000 хемикалии, од кои 40 се познати концерогени. Меѓу нив се цијанид, формалхедин и јаглерод моноксид, смртоносен гас без мирис кој се наоѓа во издувните гасови.

 

 

Неретко, пишењето доведува и до создавањето на клетки на рак на бели дробови, а бидејќи чадот минува низ устата и грлото, канцерот може да се формира на тие органи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Начинот на живот е најважен за здравјето на нашето срце

Не е потребно да се нагласува дека е апсолутно најдобро никогаш да не се започнува со пушењето, но кога до тоа веќе доаѓа, постојат многубројни начини за оставање на овој порок или барем помалку штетна алтернатива.

Loading...

Потсвеста е чудо

Обидете се да го измамите својот ум. Во прашање е едноставен механизам: пронајдете реална причина поради која пушите и елиминирајте ја.

Навиката, поради друштвото, стресот, единстено чувство, се некои од причините. Еднаш кога ќе го пронајдете својот тип на психолошка зависност, со автосугестија променете го тој модел.

 

 

Побарајте помош од семејството и пријателите

Никогаш низ процесот на одвикнување не минувајте сами. Кажете и на својата околина дека го оставате пушењето и побарајте да ви бидат остра поддршка во моменти кога се откажувате.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Брчки на овој дел од лицето укажуваат на сериозен здравствен проблем!

Најдете алтернатива

Не го сфаќајте ова на погрешен начин. Не предлагаме нов лек, но нова орална фиксација може да помогне да се опуштите. Лижавче, гума за џвакање, или флаша со вода се одличен начин да ги држите устата „зафатени“.

Ако веќе не можете да се откажете од цигарите, постои и потенцијално помалку штетно решение – производи кои го загреваат тутунот и кои не оставаат непријатни мирси на кожата, косата и облеката. Првите истражувања веќе покажале дека овој уред произведува пареа која содржи околу 90 до 95 отсто помалку одредени токстини материи во однос на чадот од класичната цигара.

Loading...

Вежбање

Кардио, аеробик, бокс или некој друг спорт – нека вежбањето биде ваша борба против болестите на зависност, со која никотинот првин ќе го елиминирате од вашите мисли, а подоцна и од организмот. Тоа се заклучоци на многубројни научни истражувања.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дали шумливите таблети се навистина здрави? Еве што велат експертите!

 

 

Долгорочни предности

Смислете награда со која ќе се почастите од парите кои сте ги заштедиле од купувањето цигари. Тоа може да биде скапа вечера, спа центар, некоја облека, а најголем бенефит секако има вашето здравје. Само 20 минути по оставањето на цигартие доаѓа до намалување на крвниот притисок, по еден ден нивото на јаглерод моноксид во вашата крв се враќа во нормала.

Долгорочните предности подразбираат и намалување на ризикот од срцеви заболувања, рак на бели дробови и мозочен удар.