Пет лекови за успешно решавање на проблемите со мамурлакот

Сподели со своите пријатели

Ако веќе овие денови не сте биле мамурни, мора да признаете дека секогаш постои можност тоа да го сторите за нова година или за некоја предновогодишна забава. Но, пијанчењето има и свои негативни страни – мамурлак, поспаност и деконцентрација.

Но, не научија дека лекот за мамурлак не постои. Работата е во тоа што мамурлакот е назив за последиците од труење со алкохол. Можете да ги почувствувате симптомите на дехидратација, мачнини, болки во желудникот, главоболки, пречувствителност на светло и звуци, проблеми со варењето, забрзана работа на срцето, ослабнување на моторичките способности, концентрацијата и памтењето.

Невозможно е туку така да му избегате на мамурлакот, можно е да го забрзате чистењето на организмот и делумно да ги ублажите симптомите и едноставно – почекате да помине.

И порај тоа, луѓето и натаму бараат лек совршен за мамулрукот. Така на социјалните мрежи корисниците се организирале и секој напишал и објаснил кој му е омилениот лек за мамулкук, кој кај него „100% делува“. Некои од предлозите навистина имаат смисол, но некои се прилично бизарни.

Еве кои добија најмногу внимание.

Инфузија

Без премногу филозофија, веднаш „во глава“ – корисниците се сложуваат дека освежувањето со електролити и витамини во телото директно низ инфузијата е најдобрата опција. Со оглед дека дехидрацијата е главниот предизвикувач на мамулакот, идејата воопшто не звучи лудо, но иако најбрзо може да надомести се она што на телото му недостасува, тешко дека тоа е наједноставна опција.

Сок од кисели краставички

Неколку корисници тврдат дека течноста во која се наоѓаат киселите краставички е апсолутно најдобриот лек за мамурлак кој некогаш го имале во фрижидерот. Теоријата ја подржува и др. Мехмет Оз, кој своевремено објаснуваше дека течноста содржи многу соли кои помагаат да се надокнадат електролитите и да се врати телото во рамнотежа.

Детски напитоци за рехидратација

На третото место популарни „лекови“ против мамурлак се наоѓаат и детски напитоци за рехидратација. Нив сигурно лекарите ќе ви ги препорачаат доколку имате цревна вироза или счини дигестивни проблеми поради кои губите многу вода.

Ирн – Бру

Најподаваното безалкохолно пиење во Шкотска кое често го нарекуваат и „воториот национален напиток“ (после вискито), на многумина ќе им послужи и денот по лудата ноќ. Овој газиран пијалок содржи доста железо, па Шкотланшаните го трошат против мамурлак.

Снег

Некои кроисници се колнат дека снегот е апсолутно најдобриот од сите лекови против мамурлакот.

Знаев да бидам толку маурен што целиот ден ништо не можев да јадам. Откако јадев снег, бев како нов. Водата ме рехидратизираше, студеното ми ги прочисти синусите и помогна во мачнината. Оценка 10! – напишал корисник на социјална мрежа „Редит“.

Сега останува да ве прашаме дали вие имате некој лек против мамурлакот и како се сптавувате со него?


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.