Пет интервенции имале во текот на вчерашниот ден кумановските пожарникари, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.
Првата интервенција била на запален смет и сува трева на локацијата Стари лозја. Во период од 07:55 до 09:25 часот интервенирале тројца пожарникари.
Петмина пожарникари со три возила интервенирале и на догаснување на пожарот кој завчера зафати плац за отпад на улицата „Индустриска“.
во период од 13:20 до 14:05 часот повторно тројца пожарникари интервенирале на месноста Стари лозја каде гореле сува трева и смет.
Сува трева горела и во атарот на Агино село. Таму тројца пожарникари интервенирале во период од 22:50 до 23:30 часот.
Во населбата Иго Тричковиќ во текот на ноќта горела сува трева. Двајца пожарникари интервенирале во период од 00:20 до 00:50 часот.
Никола Ивановски