Пет грешки поради кои усните ви пукаат уште повеќе

Сподели со своите пријатели

Во зима сите имаат проблеми кога во прашање се усните, затоа што тие од студенилото повеќе се сушат, а со самото тоа и пукаат. Но и вие правите некои грешки со кои ја влошувате состојбата на испуканите уста.

Loading...

Лошите навики не се поврзани само за болести на зависност, но секако нанесуваат штета врз вашето здравје и убавина.

Овие пет вообичаени навики мора да ги отстраните, ако сакате вашите усни да бидат негувани.

Лижење на усните

Лижењето на усните не е убава ниту здрава особина. Пред се, вие усните ги топите со далеку покисел секрет отколку што нивната флора може да поднесе.

На оваа студенило кога усните ви се доволно суви не е добро да ги влажните, затоа што ветерот и воздухот нанесуваат дополнителни повреди поради кои усните пукаат и крварат. Тоа е причината поради која можете да видите многу луѓе со красти на усните овие денови. Освен што не е убаво, тоа е и болно, па навиката за често лижење на усните целосно треба да се исфрли.

Чистење со топла вода

Докажано е дека топлата вода не е добра како избор за хидратација на вашата кожа, но и слузокожа. Значи, не ги мијте устата со топла вода, а лоши е и да отстранувате кармин со туфер или топла вода.

Loading...

Имено, топлата вода е казна за испукани усни, иако во почетокот одговара. Ваквото третирање доведува до поголема дехидратација на усните, затоа што со топлата вода се мие и она малку што останало на нив да ги негува.

Затоа, важно е да ги миете усните со постудена вода за да не дојде до температуре шок, а воедно жлездите да продолжат да ја извршуваат редовната функција.

Се изложувате на сонце

Колку и да ви е чудно што воопшто го споменуваме сонцето на овој минус како нешто лошо, морате да разберете дека сончевото зрачење не престанува со доаѓањето на зимскиот период.

Изложувањето на сонце е лошо за вашите веќе испукани усни, затоа што дополнително ги суши и доведува до нивно болно пукање.

Важно е усните да ги хидрирате со балсам пред да одите надвор.

Ароматизирани масти за усни

Многу додатоци со ароматична природа кои денес ги има во балсамите за усни нанесуваат повеќе штета од корист, според дерматолозите.

Loading...

Кога имате ароматична маст за усни почесто ќе ви се случи да ги лизнувате или грицкате усните, а самото тоа е лошо.

Покрај тоа, многу екстракти кои се ставаат во балсани за усни не се предвидени за нивната хидратација, туку дека вие посвежо се чувствувате, па се доаѓа до заклучок дека нивната примарна функција не е испочитувана. Ова особено важи за балсамот со вкус на ментол.

Иритирачки состојки

Поголемиот дел од мастите за усни содржат салицилна киселина која е наменета за отстранување на мртвите клетки од усните. Меѓутоа, кога ќе се отстранат таквите клетки, на усните останува тенка кожа која не е отпорна на ниски температури и која многу полесно се суши.

Ментолот и другите ароматични состојки ги иритираат вашите усни и дополнително ги сушат, што веќе  објаснето.

Leave a Reply