Песни и поезија на градскиот плоштад по повод завршување на “Недела на детето” (видео)

Сподели со своите пријатели

Кумановските ученици денес со музички хепенинг свечено го одбележаа завршувањето на целонеделната манифестација “Недела на детето”, во организација на Хуманитарното Здружение “МАЈКА”.

Loading...

[huge_it_gallery id=”219″]

 

На музичкиот хепенинг што започна точно напладне на плоштадот “Нова Југославија”, свој настап имаше и Градскиот детски хор од градот, чии членки во оваа прилика се претставија со две нумери.

Со денешниот хепенинг, според претседателот на ХЗ Мајка, Лидија Илијевска, децата испраќаат порака за поголемо почитување на детските права, како од возрасните, така и од заедницата.

Свој настап на завршната манифестација имаа и ученици кои прочитаа свои литературни творби, со што заврши овогодинешното одбележување на “Недела на детето” што започна на 5 – ти октомври со прием на учениците во Општина Куманово.

Loading...

 


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.