Песна за прв танц на свадба која обично завршува со развод на крајот (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Првиот танц е еден од важните ритуали на секоја свадба, симбол на нов почеток, така што сите младенци внимателно ја избираат песната со која ќе го изведат, а која има посебно значење за нивната врска.

Loading...

Сепак, според едно истражување, избраната песна може да ја означи иднината на тој брак.

 

 

Порталот OnBuy спроведе истражување за да открие дали има врска помеѓу стапката на разводи и песните што младенците ги избрале за нивниот прв танц.

Тие прашале 5.544 луѓе ширум светот која песна ја избрале и кој е нивниот моментален брачен статус. Потоа направиле список со 25-те најчесто избрани песни и направиле пресметка за брачниот статус.

 

Loading...

https://youtu.be/pXhKWWCCdk8

 

Добиените податоци покажале дека најпопуларна песна за првиот танц е „Can’t Help Falling In Love“ од Елвис Присли со 10,48 проценти од гласовите.

Сепак, од друга страна, се покажало дека песната што најчесто носи среќа во бракот е „Can You Feel The Love Tonight“ од Елтон Џон – 77 проценти од оние што ја избрале останале во брак.

 

 

Всушност, се покажало дека парот е поверојатно да остане во брак доколку го играат првиот танц со хит од филмовите на Дизни, со повеќе од 70 проценти од анкетираните парови сè уште заедно.

Loading...

Песните што им донеле брачна среќа на младенците се исто така „Isn’t She Lovely“ од Стиви Вондер и „The Way You Look Tonight“ од Френк Синатра.

Од друга страна, песната што завршила со најмногу разводи е „One Things“ на групата One Direction – дури 75 проценти од паровите кои ја одбрале таа песна се развеле. Па, ако таа песна ја имате во план за вашиот прв танц, можеби не е лошо да размислите малку повеќе.

 

 

На непопуларната листа, по One Direction, се наоѓаат „I’m Yours“ од Џејсон Мраз и „Chasing Cars“ од групата Сноу патрол.

Leave a Reply