Песков: За Молдавија е подобро да се стреми кон добри односи со Русија

Сподели со своите пријатели

За Молдавија е подобро да се стреми кон добри односи со Русија, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја изјавата на молдавската претседателка Маја Санду дека земјата мора да ја зајакне својата армија поради заканата од Русија.

Loading...

„Молдавија не треба да гледа никаква закана во Русија. Ова е апсурдно“, рече Песков и додаде дека добрите односи со Русија и меѓусебното почитување меѓу двете земји се во интерес на Молдавија, пренесува ТАС С.

Тој, исто така, посочи дека Русија ќе ги продолжи контактите со „европските колеги“ во врска со испораката на стоки во регионот Калининград.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Велика Британија подготвена да ѝ испорача ракети со долг дострел на Украина

„Работата и контактите во секој случај ќе продолжат, бидејќи има уште неколку прашања на кои треба да се одговори во текот на дијалогот“, одговори Песков на прашањето дали Кремљ има намера да побара проблемот конечно да се реши, пренесува руската агенција.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.