Песков: Враќањето на Крим во Украина не доаѓа предвид

Сподели со своите пријатели

Москва ја сфаќа изјавата на украинскиот претседател Володимир Зеленски за желбата на Киев да го врати Крим „со невоени средства“ како дискусија за отуѓување на руските територии, што е целосно неприфатливо, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

„За нас ова не е ништо повеќе од дискусија за отуѓување на територија од Русија. Поинаку не може да се разбере. Тоа не доаѓа предвид“, им одговори Песков на новинарите на прашањето за коментар за изјавите на Зеленски, пренесува ТАС С.

Украинскиот претседател претходно изјави дека Киев е подготвен да ги разгледа опциите за невоено враќање на Крим, но апелираше „да не се губи време“ на опции кои не предвидуваат, како што наведе, „деокупација на полуостровот“.

Во интервју за Фајненшл тајмс, Зеленски изјави дека доколку решението не предвидува деокупација, а според него Крим е дел од Русија, никој не треба да губи време на тоа, пишува Украинска Правда.

„Ваквите изјави уште еднаш укажуваат на неподготвеноста и неспособноста на украинската страна, што не покажува волја проблемот да се реши со невоени методи“, рече Песков.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.