Песков: Русија користи дронови од домашно производство

Сподели со своите пријатели

Русија користи дронови од домашно производство, а прашањето за купување на ирански беспилотни летала треба да се упати до Министерството за одбрана, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

Во август Вашингтон пост објави статија во која се наведува дека Иран ѝ испорачува дронови на Русија, а подоцна слични изјави дадоа и претставници на американската администрација, кои Песков уште во тоа време ги отфрли како лажни вести, пренесува ТАС С.

„Не, немаме такви информации. Средствата што се користат се руски. Тоа го знаете. Тие имаат руски имиња. Сите други прашања можете да ги упатите до Министерството за одбрана“, одговори Песков денеска на прашањето дали Русија купила или користи ирански дронови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Путин најави сериско производство на модерно оружје за руската армија

На крајот на септември, иранскиот министер за надворешни работи Хосеин Амир-Абдолахиан изјави дека Техеран не поддржува ниту една страна во конфликтот во Украина и е против испорака на странско оружје и за Киев и за Москва, пренесе ТАС С.

Белата куќа вчера го обвини Иран за лажни тврдења кога вели дека Русија не користи ирански беспилотни летала за да ја нападне Украина.

Портпаролката на Белата куќа Карин Жан-Пјер изјави дека има „огромни докази“ дека Русија користи ирански беспилотни летала против воени и цивилни цели во Украина и дека Техеран се чини дека размислува да ѝ продаде повеќе такво оружје на Москва, објави Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По критиките од западните земји, ММФ ги одложи економските консултации со Русија

Во последниве недели Украина пријави неколку руски напади со помош на беспилотни летала од иранско производство, додека од друга страна Иран негира дека испорачувал дронови на Русија, а Кремљ не ги коментираше наводите на Киев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...