Нема смисла да се разговара за мир во Украина без Русија, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, коментирајќи ја средбата во рамки на 54-от годишен состанок на Светскиот економски форум во Давос каде, меѓу другото, е и „формулата за мир“ предложена од украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Разговори за разговори, вели тој, не се насочени кон изнаоѓање вистинско решение за проблемот.
А бидејќи Русија не учествува, тогаш не може да има конкретен резултат, објасни портпаролот на Кремљ.
Ситуацијата е крајно апсурдна, нагласи Песков и потсети дека самиот Киев ги забрани преговорите со Москва на законодавно ниво.
„Владимир Путин секогаш велеше дека гаранциите за мир треба да се постигнат со мирни средства. Сепак, Западот не сакаше ништо од тоа. Затоа Русија води Специјална воена операција и ќе ги постигне своите цели“, истакна тој.
Постои можност рускиот претседател Владимир Путин наскоро да ја посети Северна Кореја, рече Песков.
Путин доби покана да го посети Пјонгјанг, потсетува портпаролот на Кремљ, наведувајќи дека датумот ќе биде договорен по дипломатски канали.
„Повеќе детали за посетата на Путин ќе бидат достапни по утрешната средба меѓу рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и неговиот севернокорејски колега Чои Сон Хи“, нагласи тој.
Коментирајќи ја официјална посета на севернокорејскиот министер за надворешни работи на Русија, Песков изјави дека Северна Кореја е партнер со кој Русија ги развива односите во сите области.
Средбата, како што вели Песков, се одвива врз основа на договорот меѓу Ким Џонг Ун и Путин, воспоставен на космодромот Васточни.
Дијалогот продолжува на сите нивоа, утрешната посета ќе биде значајна и плодна, заклучи Песков, пренесува РТ Балкан.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.