Песков: Путин и Си разговараа за мировниот план на Пекинг за Украина

Сподели со своите пријатели

Претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг вчера неформално разговараа за кинескиот мировен план за Украина, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Loading...

– Имаше многу темелна размена на мислења, сериозен разговор во неформален дел – рече Песков, пренесува РИА Новости.

Тој одби да даде повеќе детали и им порача на новинарите да ги почекаат изјавите за новинарите на двајцата претседатели, кои денеска ќе имаат официјални разговори.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.