Песков: Подготвени сме за преговори, но под други услови

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин, во разговор со неговиот турски колега Реџеп Таип Ердоган рекол дека Москва останува подготвена за преговори со Украина, но дека, имајќи предвид дека ситуацијата е променета , се сменија и условите.

Loading...

„Претседателот рече дека Русија останува подготвена за преговори. Но, ситуацијата е променета, а исто така и условите“, изјави Песков за новинарите, пренесува Тас с.

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу вчера изјави дека Путин му рекол на Ердоган дека постои можност да се врати на преговорите со Киев, но под нови услови.

Чавушоглу изјави дека Путин ова го кажал во разговорите со турскиот колега на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, кој неодамна се одржа во Самарканд, пренесува РИА Новости, а пренесува Танјуг.

„За време на преговорите со нашиот претседател, господинот Путин ја истакна можноста за враќање на преговорите со Киев, но под нови услови“, рече Чавушоглу на прес-конференција во Токио.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.