Песков одби да одговори за ракетниот инцидент во Романија

Сподели со своите пријатели

Валериј Залужни, врховен командант на украинската армија, претходно денеска објави дека наводно „руски ракети од типот Калибр ја преминале државната граница на Украина со Молдавија и Романија и влегле во воздушниот простор на тие земји“.

Loading...

Во меѓувреме се огласи и Министерството за одбрана на Романија.

„Системот за воздушен надзор на романските воздухопловни сили откри во петокот, на 10 февруари, воздушна мета која беше лансирана од Црното Море од брод на Руската Федерација, во близина на полуостровот Крим. Најверојатно се работи за крстаречка ракета која поминала низ воздушниот простор на Украина и Молдавија, а потоа повторно навлезе во Украина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Украина одби масовен напад на руски дронови врз Киев

Во соопштението се додава дека во најблиската точка руската ракета била на 35 километри од воздушниот простор што го контролира Романија.

„Ги применивме сите стандардни процедури. Дополнително, во 10:38 часот два авиони МИГ 21 на романските воздухопловни сили од борбената воздухопловна полиција контролирана од НАТО, кои во тоа време беа на вежба, беа пренасочени кон северот на Романија na две минути, кога ситуацијата се олесни, двата авиони ја продолжија својата мисија“, се додава.

Во оваа прилика se oglasi Молдавија, која за разлика од Романија ги потврди изјавите на украинскиот командант.

„Утринава во 10:18 часот проектилот навлезе во воздушниот простор на Република Молдавија, над градот Мокра во регионот на Придњестровје, а подоцна и над градот Косаути во областа Сорока. Се движеше кон Украина“, Се вели во соопштението на молдавското Министерство за одбрана.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија: Ученик со чекан нападнал професори и соученици

На денешната прес-конференција беше побарано од портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков да ги коментира овие наводни инциденти.

Loading...

„Не, не би можел да коментирам за ова. Тоа прашање е директно поврзано со специјалната воена операција. Тоа се прашања за Министерството за одбрана“, рече Песков.

Да потсетиме, Залужни денеска преку соопштение на Твитер напиша дека ракетите наводно биле лансирани од руски бродови во Црното Море.

Според украинскиот генерал, две ракети влегле во воздушниот простор на Молдавија во 10:18 часот по локално време, а во 10:33 часот на територијата на Романија.

„Потоа ракетите повторно влегоа во воздушниот простор на Украина на местото на допир на границите на тие три земји“, додаде тој.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Медведев: А што ако атентаторот на Трамп работел за режимот во Киев?

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.