Песков: Нема потреба да се брза со изјави по „ракетниот инцидент“

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков денеска изјави дека реакцијата на голем број земји на „ракетниот инцидент“ покажува дека нема потреба да се брза со изјави кои би можеле да ја влошат ситуацијата, по експлозијата во Полска во близина на украинската граница во која загинаа две лица.

Loading...

„Уште еднаш, ваквата непромислена реакција покажува дека никогаш не треба да се брза со проценки и изјави без да се добијат точни информации, што може да ја влоши ситуацијата. Особено во вакви важни моменти“, рече Песков.

Полските власти објавија дека две лица загинале во експлозија во областа Хрубешов во источна Полска, во близина на границата со Украина, но без да потврдат дека се работи за руски проектил.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индиската муниција заврши кај Украинците. Русите се бесни

Полското Министерство за надворешни работи соопшти дека ракетата паднала врз Пжеводов, село на околу шест километри од границата со Украина.

Русија негираше дека е одговорна за експлозијата, а полскиот претседател Анджеј Дуда им рече на новинарите дека „најверојатно станува збор за проектил од руско производство“, но дека нема конкретни докази кои би покажале кој ја истрелал ракетата.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека руските експерти ги идентификувале остатоците од полските фотографии како остатоци од украинската противвоздушна ракета С-300.\

НАТО и САД го истражуваат инцидентот. По разговорот со лидерите на западните земји, Бајден рече дека ракетата најверојатно не била истрелана од Русија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца загинати во пукање во Москва во близина на канцелариите на најголемата руска онлајн продавница

Извор од НАТО, цитиран од Ројтерс, изјави дека американскиот претседател Џозеф Бајден ги информирал лидерите на земјите од Групата седум и партнерите на НАТО дека експлозијата во Полска била предизвикана од украинска противвоздушна ракета.

Loading...

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Мао Нинг ги повика сите страни „да останат смирени и воздржани во сегашните околности“.

Тројца неименувани американски официјални лица, цитирани од АП, денеска изјавија дека прелиминарните проценки сугерираат дека украинските сили го испукале проектилот во кој загинаа две лица во Полска и дека проектилот бил истрелан од украинската противвоздушна одбрана.

НАТО денеска најави итен состанок на кој ќе се разговара за експлозијата во источна Полска, соопшти денеска Алијансата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Сесија на Генералното собрание на ОН следната недела: 130 лидери ќе разговараат за Газа и Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.