Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска ги отфрли наводите на Волстрит журнал дека рускиот претседател Владимир Путин добива „искривени факти“ за војната во Украина.
– Претседателот како и досега има неколку канали преку кои се информира за состојбите. Сите тврдења дека добива искривени факти се лажни – рече Песков.
Според Wall Street Journal, секое утро Путин добива писмен извештај за напредокот на војната во Украина во кој успесите се преценети, а неуспесите минимизирани.
Весникот наведува дека податоците за ситуацијата на бојното поле прво ги обработуваат експертите на ФСБ, а потоа ги проследуваат до експертите од Советот за безбедност на Русија (РСБ).
Извештајот конечно се доставува до првиот човек на РСБ, Николај Патрушев.
Патрушев е личноста која му ги соопштува информациите на Путин, пренесува ТАС С.
Волстрит журнал инсистира дека тогашната информација не само што е неточна, туку и застарена.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.