Песков: Мобилизацијата е завршена

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска соопшти дека на Москва не ѝ е потребен посебен претседателски декрет за прекин на делумната мобилизација.

Loading...

„По најавата на министерот за одбрана Сергеј Шојгу дека делумната мобилизација е завршена, мораме да кажеме дека нема потреба од декрет. Делумната мобилизација е завршена. Точка“, рече Песков, пренесува ТАС С.

Портпаролот на Кремљ додаде дека Шојгу испратил наредба до релевантните службеници за регрутирање да ја прекинат кампањата и да престанат да испраќаат покани.

На прашањето дали е можно повторно да се користи претседателскиот указ доколку е потребно да се мобилизираат дополнителен број војници, Песков одговори дека се регрутирани 300.000 луѓе и дека се исполнети одредбите од указот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца загинати во пукање во Москва во близина на канцелариите на најголемата руска онлајн продавница

Претседателот на Руската Федерација Владимир Путин на 21 септември потпиша указ за делумна мобилизација.

По тој повод рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека во делот на делумната мобилизација ќе бидат повикани 300.000 резервисти.

Минатата недела, по средбата со претседателот Владимир Путин, Шојгу објави дека се завршени активностите поврзани со делумната мобилизација во Русија.

„Задачата која вклучува мобилизација на 300.000 граѓани е завршена. Не се предвидува продолжување на мобилизацијата“, изјави тогаш Шојгу и нагласи дека се посветува големо внимание на подготовката на мобилизираните граѓани пред да бидат испратени во зоната за специјални операции.

Loading...

Воедно, рускиот претседател им се заблагодари на сите кои ја организираа мобилизацијата и рече дека сега главна задача е сите мобилизирани да ја поминат потребната обука и да добијат комплетна опрема.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Столтенберг: НАТО нема да биде вовлечен во војна!

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.