Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека бројот на мобилизирани Руси, кои ќе бидат испратени на воени задачи во Украина, не може да надмине 300.000.
„Не можеме да зборуваме за надминување на вкупниот број, бидејќи декретот (за делумна мобилизација) дозволува регрутирање до 300.000 луѓе“, рече Песков, одговарајќи на новинарско прашање дали мобилизацијата ќе продолжи во руските региони без усвојување нов претседателски декрет.
Песков додава дека не е донесена одлука за прекин на делумната мобилизација, но многу региони веќе ги исполниле пропишаните планови.
Како што истакна, Министерството за одбрана на Руската Федерација одреди квоти за мобилизација за секој регион.
Путин на 21 септември потпиша указ за делумна мобилизација за потребите на војната во Украина, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу тогаш изјави дека во рамките на мобилизацијата ќе бидат повикани 300.000 резервисти.
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.