Пешиќ-Бошковска: Владата предводена од СДСМ го усвои и шестиот пакет економски мерки

Сподели со своите пријатели

Владата предводена од СДСМ го усвои и шестиот пакет економски  мерки, информираше денеска на прес конференција портпаролката на Општинската организација на СДСМ Куманово Катерина Пешиќ Бошковска.

Loading...

Како што информираше усвоен е и петиот сет мерки, а донесе е шестиот кој предвидува повеќе мерки.

Мерка 1 се однесува на угостителските објекти, на кои ќе им бидат покриени 30% од приходите (како просек од просечниот месечен приход за 2019- та и 2020- та година). Дополнително, сите регистрирани угостителски објекти ќе добијат 15.200 денари финансиска поддршка по вработен, заклучно со 06.04.2021 г.

Мерка 2- ќе се поддржат категоризарани објекти, како што се ресторани за свадба, ивент индустријата, игротеки, ноќни клубови, приватни детски одмаралишта, фитнес центри, фотографи и фотографски студија. Во овие категории спаѓаат околу 1.200 компании на кои ќе им бидат покриени 30% од приходите (како просек од просечниот месечен приход во 2019- та година), и за нив исто така важи поддршката од 15.200 денари по вработен, заклучно со 31.12.2020 г.

Мерка 3- Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат по 2.000 евра.

Мерка 4- Финансиска поддршка од 30.750 денари ќе добијат и сите музичари, членови на здруженија на музичари како и лиценцирани туристички водичи, кои во текот на 2020- та година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

Мерка 5- Околу 2 милиони евра се наменети за компаниите кои ја реинвестирале добивката од 2020- та година, мерката ќе им помогне на компаниите да ја зголемат ликвидноста, да ги реализираат своите инвестициски планови и да продолжат со својот развој, преку субвенционирање на каматни стапки.

Мерка 6- Со бескаматна кредитна линија од 1 милион евра, ќе се поддржат медиумите кои емитуваат радио и телевизиска програма.

Loading...

Мерка 7- Во очекување на претстојната туристичка сезона и како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност, ќе се овозможат 50.000 пцр тестови за странски туристи кои престојувале во државата. Со шестиот пакет мерки, само за туристичко- угостителскиот сектор се предвидени средства во вкупна вредност од 14,8 милиони евра, вели Пешиќ Бошковска.

Како што рече таа, планирана е финансиска поддршка на угостители со одредени регистрирани шифри на дејност, со која ќе бидат опфатени 6.000 компании, со околу 17,000 вработени, за што се наменети 9,9 милиони евра.

– Дополнително, секој регистриран активен субјект од овие дејности ќе добие финансиска поддршка во износ од 15.200 денари по вработен, според бројот на ефективни работни часови, со пресек на 06.04.2021 година, вели таа.

Портпаролката воедно упати и честитка по повод 30 години од постоењето на партијата.

Leave a Reply