Пешевски денес ќе ги посети поплавените подрачја во Куманово

Сподели со своите пријатели

Заменикот претседател на Владата на Република Македонија задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, денес ќе изврши увид на состојбите во поплавените подрачја во Куманово и околината.

Loading...

Вицепремиерот ќе ја започне посетата околу 12:30 часот кај м.в Циглана.

Од обилните врнежи на дожд со кои беше зафатен регионот на Куманово, во текот на изминатото деноноќие, излеани се реките во градот на повеќе места, при што е отежнат сообраќајот, а предизвикана е и материјална штета.

Поплавени се постројките на Автобуската станица, Градскиот стадион, Градскиот парк, неколку подруми, како и излеано речно корито кај месноста „Бавчи“ во с. Бедиње, регионот кај автобуската станица, како и во с. Добрашане каде реката Кумановка, влевајќи се во Пчиња се излила од коритото.