ПЕРУ: Судир на авион со противпожарно возило, двајца загинати

Сподели со своите пријатели

Двајца пожарникари загинаа, а околу 20 лица се повредени кога авион на пистата се судри со противпожарно возило при полетување од најфреквентниот аеродром во Перу, јавува Би-би-си.

Loading...

Авион на Латам ерлајнс се судри со противпожарно возило во петокот нешто пред 15:30 часот по локално време на меѓународниот аеродром Хорхе Чавез во главниот град Лима.

Нема загинати патници или членови на екипажот, објави авиокомпанијата на Твитер.

Министерството за здравство на Перу соопшти дека 20 патници се згрижени поради повредите здобиени во несреќата, од кои двајца се тешко повредени.

Еден 31-годишен пожарникар е во критична состојба, соопштија здравствените власти.

Сè уште не е утврдено зошто противпожарното возило влегло на пистата додека авионот полетувал за градот Јулијака во јужниот дел на Перу, а од компанијата соопштија дека летот бил ослободен за полетување.