Персоналот на српската амбасада евакуиран од Украина

Сподели со своите пријатели

Амбасадата на Република Србија во Украина денеска е привремено затворена поради заштита на безбедноста на персоналот, кој ќе продолжи да работи од Белград до исполнување на условите за враќање.

Loading...

Тројца дипломати и еден службеник на амбасадата ја напуштија Украина и безбедно се евакуираа.

На 13 февруари Министерството за надворешни работи на Србија им препорача на граѓаните на Република Србија кои престојуваат во Украина да ја разгледаат можноста за привремено напуштање на територијата на таа земја, а оние кои имале намера да патуваат во Украина добиле совет да го одложат своето патување.