Меѓу првите младинци кои во почетокот беа примени во Сојузот на комунистичката омладина на Југославиј (СКОЈ), покрај Панче Пешев, Перо Чичо и Киро Фетак, беше и кројачкиот чирак Перо Наков.
Колку можеше политички да се работи во оние прилики, со својата активност особено се истакнуваше оваа младинска група.
Токму на оваа група младинци – скоевци треба да им се благодари што знамето на класната борба во Куманово дојде во рацете на најсмелите и најборбените младинци, кои на свои раце ќе го носат до денот на нивното славно загинување, за да го предадат на нови смели борци. Нема да се претера ако се каже дека скоевската група на Панче Пешев, Киро Фетак, Перо Чичо и Перо Наков, од која подоцна сите членови на Комунистичката партија на Југославиј (КПЈ), има посебни заслуги за брзиот развиток на работничкото движење во Куманово, непосредно пред избувнувањето на војната.
Без оглед на тоа што во редовите на КЈП во Куманово имаше и такви другари кои отстапија од револуционерните редови за да се предадат на мирен живот, скоевцката четворка Панче Пешев, Перо Наков, Про Чичо и Киро Фетак, разви, во текот на 1933-1936 година, извонредна голема политичка активност.
Иако групата беше составена од реалтивно млади припадници, токму таа група на себе го прими, малку подоцна, најтешкото бреме на политичката борба што класното работничко движење ја водеше против монахрофашистичката диктатура.
Младиот и полетниот кројачки работник Перо Наков многу бргу најде пат да се доближи до работничката младина. Како работник тој чувствуваше дека му недостасува, пред се, политичко знаење. Тоа за да го надопони Перо се фрли да ја чита малобројната напредна литература. За Перо Наков може да се каже дека беше и остана еден од ретко образованите работници, кој беше во состојба по разни прашања зрело да дискутира и убедува.
Целокупната негова политичка активност го доведе во редот на најактивните членови на СКОЈ. Во текот на 1935 година станува член на Македонскиот комитет на СКОЈ за Куманово. За неговата активност малку е да се каже дека несопирливо работел. Него го красеше особината да може со часови да говори и своите соговорници да ги држи во положба на заинтересираност.
Бидејќи во 1934 година се овозможи работата на УРСС, по задача на Партијата Перо Наков станува член на кројачката подружница, а во 2935 година и секретар на оваа подружница во Куманово. Преку неговата работа и на други активисти, Партијата во Куманово ги имаше синдикатите во свои раце. Во името на синдикалната подружница тој води во полицијата, да ги бара и брани правата за синдикалното организирање и работење, кои полицијата ги газеше. Заради тоа го евидентира како еден од најистакнатите синдикални активисти, кои по полициската картотека беа забележани како комунисти.
Тој знаеше да им се спротивстави на полициските органи – зборејќи им отворено дека немаат право да ги газат и задушуваат синдикалните права на работниците. Во буржоаската Југославија Перо Наков стана еден од најсмелите и најплемените борци за правата на работничката класа.
Во летото 1936 година по директивата на Горкиќевото раководство, беше распуштена партиската организација во Куманово.
Во 1937 година доаѓа директива во Куманово одново да се формира партиската роганизација. Меѓу првите кои беа примени за членови на КПЈ беше и Перо Наков.
Во 1938 година тој станува секретар на МК на СКОЈ за Куманово. По отслужувањето на воениот рок во 1939 година, неколку месеци работи во Белград, но по директива се враќа во Куманово на партиската работа.
Во почетокот на 1940 година станува член на МК на партиската организација. Заради големата активност на организацијата меѓу младината, СКОЈ во Куманово непосредно пред војната доживува полет. Иако Перо е принуден да заработува за својот опстанок, тој не знаеше за умор. Неделата пред и по пладе за него не беше ден за одмор, туку ден за скоевски и партиски состаноци, на кои тој зборува, убедува и дискутира.
Во време кога партиската организација во Куманово, непосредно пред војната, забележува полет, Перо Наков, како агитатор и пропагатор наоѓа нова форма за политичка работа. Тој продира меѓу селаните. За оваа цел Перо ги користи вечерите во среда, особено во лето кога голем број селани доаѓаат на пазарен ден, оди во некои анови, каде што се собираат селаните и со нив води разговори. Разговорите тој ги претворува во мали зборови, на кои тој ја толкува линијата на партијата.
Бидејќи за масовна политичка работа, како една од формите, беа користени и излетите вон Куманово, покрај другите партиски активности и Перо Наков истапуваше на овие излети со реферат за политичката ситуација. На овие излети понекогаш одеа и до 300 луѓе. Оттука може да се разбере големата агитаторска улога на Перо Наков.
Со својата политичка активност Перо продолжува се до капитулацијата на стара Југославија.
Првите денови на окупацијата, откако мина воениот виор, партиската организација ги средува своите редови. Многу членови на партијата се вратија од војска. Во Куманово се враќа и Перо. Започнуваат многубројните акции на партиската организација. Перо е член на МК на КПМ за Куманово.
Во сите тие акции како што се борбата против иселувањето на колонистите Срби, помоштта во спасувањето на воените заробеници и др. видно место зазема и Наков. На Мајската партиска конференција, делагатите избрани од партиските ќелии, му ја искажуваат својата доверба и одново го избираат за член на МК за Куманово.
Во другата половина на јули 1941 година во партиската организација започнува да се чувствува и спроведува курс на вооруженото востание против бугарските окупатори. Како член на МК, со многу упорност и пожртвуваност, Перо се заложи што повеќе да се собере оружје и муниција. За таа цел и самиот лично земаше учество во прибирање и сместување на оружјето. Во неговата куќа се држат состаноци на МК и Воениот штаб, каде што се донесуваа значајни решенија за натамошната работа на партиската организација за организирање на вооруженото востание во Куманово.
Во почетокот на септември 1941 година Перо станува член на Воениот штаб и професионален револуционер. Перо лично учествува во организирањето и непосредното излегување на двата кумановски партизански одреди.
При разбивање на одредите, Карадачкиот и Козјачкиот, Перо Наков преминува во илегалство и се префрлува во Скопје, каде што се вклучува во партиската работа на ПК за Македонија.
Во почетокот на декември 1941 година, по директива, заминува на партиска работа во Тетово, каде што останува се до почетокот на март 1942 година. За време на тримесечниот престој, освен во Тетово Перо оди и во Гостивар, каде што работи на јакнењето на партиската организација.
Во почетокот на март 1942 година, одново ја минува бугарско – албанската граница кај Групчин и се враќа во Скопје за да работи на новата должност – секретар на ПК на СКОЈ за Македонија.
Кога партиската организација во македонија, во ноември – декември 1941 годиа одново падна под влијание на БРП, покрај останатите партиски активисти, кои се побунија против оваа непочитување, беше и перо Наков.
Неговата борба против Бране Андреев, експонетот на БРП, не е баш така мала. Таа борба е водена и можеа да ја водат само револуционери, кои беа доследни борци за принципите на ЦК на КПЈ, а таков борец беше и Перо Наков.
Во летото 1942 година тој станува организатор во изведувањето на атентатот над злогласениот предавник на македонскиот народ Мане Мачков.
Неколку недели по извршувањето на атентатот, живеејќи во отежната илегални услови Перо паѓа во рацете на бугарската полиција. Таа над него си го искалува сиот без и негв, бидејќи покрај останатото за што беше оптужуван, на Перо му се става на грб и организирањето на атентат над Мачков. Полицијата многу го тепа, измачува, му ја скубе косата и го малтретира, но тој ништо не признава.
За сите дела против окупаторската бугарска власт, Перо наков беше осуден на смрт со бесење.
На 15 ноември 1942 година бугарската полиција изврши подготовки за да го обеси. На бесилката од мачењата и тепањето Перо беше доведен полумртов. Непосреднот пред бесењето, собирајќи ги во темната ноќ своите последни сили, Перо Наков извикуваше: „Да живее Комунистичката партија на Југославија и Македонија“.
Неговото држање пред бесењето е навистина херојско. Бугарската полиција за да го заметне трагот каде што се наоѓа неговиот гроб, го изнесува неговиот руп некаде кон Скопје и го закопува на такво место така да и ден денеска не се знае каде е гробот на Перо Наков, еден од најистакнатите револуционери што даде Куманово во текот на Народноослободителната борба.
Проект на ЈОУ Библиотека „Тане Георгиевски“ за дигитализација на „Наш весник“
Пишува: Дане Цеков
Извор: „Наш весник“ број 3 (петок, 15 декември 1961. година)