Човек од американската сојузна држава Мериленд освои два милиони долари на лотарија.
Победникот е пензиониран комунален работник кој се обидел во играта „Побогати за два милиони долари“ ($2.000.000 Richer).
Првата добивка била направена пред пандемијата на коронавирус, а втората се случила за време на пандемијата.
За време на пандемијата, без да прецизира кога, Ексон купил два билети на бензинската пумпа.
На едната остварил добивка од 100 долари, а на другата џекпот – два милиони долари. Тоа бил неговиот втор џекпот на споменатата игра.
Како што изјави добитникот на лотаријата во Мериленд, тој бил малку нервозен и понекогаш се сомневал дека добивките се реални.
Откако за прв пат го освоил џекпотот изјави дека парите планира да ги потроши на семеен одмор и за безгрижни пензионерски денови.
Откако добил уште еден џекпот, рекол дека парите повторно ќе ги потроши на семеен одмор и реновирање куќа.
Имаше совет и за оние кои играат игри на среќа.
„Бидете реални и кога играте, не играјте само за џекпот. Играјте со задоволство и додека уживате во она што го работите, вие сте победник, без разлика дали ќе победите или изгубите“, истакна тој.
Споменатата игра на среќа започна на 25 февруари 2019 година и ќе трае до утре, 1 ноември, пишува CNN.

