Пентагон се обидува да ја утврди судбината на војникот кој пребегна во Северна Кореја

Сподели со своите пријатели

Пентагон објави дека прави напори да ја утврди судбината на американскиот војник кој неовластено преминал од Јужна во Северна Кореја.

Loading...

Армијата на САД го идентификуваше војникот како Тревис Т. Кинг, кој стапил во служба во 2021 година и требало да биде предмет на дисциплинска постапка, пренесува Ројтерс.

За време на извидничка обиколка на Заедничката безбедносна област (ЈСА) на границата меѓу двете Кореи, тој преминал во Северна Кореја „намерно и неовластено“, изјави американскиот министер за одбрана Лојд Остин.

Тој додаде дека се верува дека војникот е во притвор во Северна Кореја.

„Затоа внимателно ја следиме и истражуваме ситуацијата“, истакна Остин.

Државните медиуми во Северна Кореја не објавија за овој инцидент, а мисијата на Пјонгјанг во Обединетите нации во Њујорк се уште не одговорила на барањата на Ројтерс за коментар, пренесува Танјуг.