Пентагон сѐ уште не знае колку доверливи документи се протечени

Сподели со своите пријатели

Американското Министерство за одбрана сè уште се обидува да го „разбере обемот и размерот“ на протечените документи, кои објавија низа доверливи информации на интернет, рече портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

Loading...

Синг истакна дека Пентагон нема „прецизен број“ на идентификувани протечени документи и дека „обемот и размерот“ на истекувањето е нешто што тие сè уште го проценуваат.

Документите се појавија на платформата Discord минатиот месец, пред да се шират низ интернет и да го привлечат вниманието на главните медиуми.

Федералното биро за истраги го уапси 21-годишниот Национален гард на Масачусетс, Џек Тешеира во четвртокот, 13 април, откако Њујорк Тајмс го објави неговиот идентитет.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трамп го номинира Шон Куран за нов директор на Тајната служба

Досиејата, кои наводно осомничениот ги објавил, откриваат дека специјалните сили на САД и НАТО се активни во Украина, дека украинските жртви се поголеми отколку што американските власти јавно признаваат, дека на силите на Киев им недостига муниција и дека САД ги шпионирале своите сојузници за време на конфликтот.

Многу од тие досиеја беа оценети како лажни или делумно вистинити од американските официјални лица.

Њујорк тајмс и Вашингтон пост, кои го отпечатија идентитетот на осомничениот, продолжија да објавуваат информации од документите по неговото апсење.

Во тие документи, кои во неделата ги објави „Њузвик“, е откриен наводниот датум на почеток на претстојната пролетна офанзива на Украина против руските сили.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Уште една земја подготвена да биде домаќин на средбата Путин - Трамп за Украина

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави за новинарите дека Москва ги прегледала објавените документи.

Претходно, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков посочи дека некои од досиејата би можеле да бидат обелоденети како дел од западната кампања за „измама“ чија цел е поткопување на воените капацитети на Украина пред офанзивата на Киев.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.