Министерството за одбрана на САД смета дека ветувањето на Русија за значително намалување на интензитетот на борбите во северна Украина е само тактички маневар и предупреди на можноста од нови напади во други делови на земјата.
Никој не треба да се залажува со руска изјава, вели портпаролот на Пентагон Џон Кирби.
За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец
Досега, само „мал број“ руски војници се преселиле северно од Киев подалеку од главниот град, рече Кирби, додавајќи дека не треба да се верува во руското образложение дека станува збор за повлекување.
„Веруваме дека ова е репозиционирање, а не вистинско повлекување и дека сите треба да бидеме подготвени да чекаме голема офанзива во другите области на Украина“, рече тој.
За неколку часа во Австралија падна дожд колку што обично паѓа за еден месец
Руските сили „не успеаја“ во целта да го заземат Киев. Сепак, Русија би можела да продолжи да го бомбардира Киев со проектили од далеку.
„Тоа не значи дека заканата за Киев е завршена“, вели Кирби.