Продолжува периодот на претежно сончево и многу топло време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.
Денес и утре подрачјето на Македонија ќе биде во жолта фаза, а од четврток одредени региони од земјава ќе ги исполнат условите за портокалова фаза на опасност од топлотни бранови, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.