Пеколното време продолжува и денес

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималните температури ќе се движат од 13 до 21 степен, додека максималните дневни ќе бидат во интервал од 31 до 38 степени целзиусови. Центарот за управување со кризи за денес прогласи жолта фаза за целата држава. Индексот на УВ зрачењето ќе биде доста висок и ќе има вредност 9.

Во Куманово и околината денес ќе имаме сончево време со услови за појава на грмежи и слаби услови за дожд во попладневните и вечерните часови. Максималната денвна температура ќе достигне до 33 степени целзиусови.

Утре ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Од недела во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и појава на грмежи, а дневните температури ќе бележат постепено опаѓање.