ПЕКОЛНА СЕДМИЦА: Неделна временска прогноза за Куманово

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 27 до 36 степени. УВ индексот ќе биде висок со коефициент 8.

Под влијание на многу топла воздушна маса во текот на следнава работна седмица ќе преовладува сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде од среда кога долж Повардарието максималната температура ќе биде околу 40 степени.

Од петок во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево и топло време. Максималната дневна температура ќе достигне 29 степени целзиусови, а попладне ќе има сосема слаби услови за дожд и грмотевици.

 

 

Loading...

Утре во кумановско ќе имаме за степен повисока температура, односно времето ќе биде сончево и топло со 31 степен целзиусов.

Покачување на температурата дополнително се очекува во среда, кога живата во термометарот ќе достигне 35 степени целзиусови.

Вистински пекол ќе има во четврток, кој впрочем ќе биде најтоплиот ден во оваа недела. Максималната дневна температура ќе достигне 38 степени целзисуови.

Петок носи невреме со грмотевици на одредени места и дневен максимум од 35 степени.

Претстојниот викенд ќе биде сончево и топло со 32 степени целзиусови.

 

 

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply