ПЕКОЛ ВО РУСИЈА: Во некои региони се очекуваат над 43 степени

Сподели со своите пријатели

Исклучително топло време на југот на европскиот дел на Русија ќе траат до крајот на неделата, изјави научниот директор на Хидрометеоролошкиот центар, Роман Вилфанд.

Тој за РИА Новости изјави дека времето е опасно и дека метеоролозите предвидуваат дека температурата на брегот на Црното Море кај Сочи ќе биде до 35 степени, во Симферопол до 37, а во Севастопол 30-35 степени Целзиусови.

Ќе биде уште потопло во континенталните делови на јужна Русија. Се очекува температурата во Волгоградскиот регион да достигне до 43 степени, како и во Ростов.

Leave a Reply