ПЕКОЛ ВО АВСТРАЛИЈА: Оставил месо во автомобилот, а кога се вратил имал што да види (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Во Австралија просечна максимална температура од 40,9 степени Целзиусови била измерена во вторникот на 17-ти декември и тоа беше најтопол ден од денот кога започнало мерењето.

Loading...

Шести ден по ред, температурите не се спуштаат под 40 степени.

Во овие екстремни горештини, дури и асфалтот се топи на патиштата што работниците ги прскаат со вода.

Колку е жешко, покажува едно видео од Студ Пенгели од Перт. Човекот купил 1,5 килограми свинско месо и одлучил да го остави во автомобилот 10 часа за да види што ќе се случи.

Имаше и термометар за следење на температурата.

Од утрото кога биле измерени 30 степени, температурата се искачила на 81 степен до пладне! Пенгели вели дека веројатно би било потопло во автомобилот, доколку не бил затемнет.

„Не оставајте ништо и никого во жежок автомобил една минута. Ако видите деца или миленичиња како седат во автомобилот, не двоумете се да ги скршите прозорците“, рече тој.

Патем, претходниот рекорд на топлина во Австралија беше во јануари 2013 година кога просечната температура беше 40,3 степени Целзиусови.

Loading...

Новиот рекорд се очекува наскоро да биде надминат со ширењето на топлиот бран што може драматично да ги засили шумските пожари во земјата.

Leave a Reply