ПЕКИНГ ПОВТОРНО ЖОЛТ: Уште една песочна бура го погоди градот, ништо не се гледа од песок и прашина (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Небото над Пекинг е обоено во жолто, а нивото на загадување на воздухот е многу високо, бидејќи во градот влезе огромен облак од песок и честички прашина, носени од силни ветрови од северот на Кина.

Loading...

Индексот за квалитет на воздухот во Пекинг се искачи на 324 до 16 часа по локално време, главно поради поголемата количина на честички од песок и прашина, според општинските власти.

Честичките од песок потекнуваат од Монголија и кинескиот регион Внатрешна Монголија, а силен ветер се очекува до утре да ги разнесе загадувачките честички во централна и источна Кина, објави кинеската управа за метеорологија.

Количината на песок во воздухот беше помала од онаа за време на двете песочни бури на северот на Кина минатиот месец, но брзината на ветерот беше поголема, што овозможи побрзо доаѓање на прашина.

Кина обично ја обвинува пустината Монголска Гоби за песочните бури.

 

Leave a Reply