Пејачот на „Продиџи“ пронајден мртов

Сподели со своите пријатели

Кит Флинт (49), пејач на бендот „Продиџи“ е пронајден мртов во својот стан.

Loading...

Телото на пејачот полицијата го пронашла во понедленик наутро, откако добиле дојава од итната помош за човек без свесна сосотјба.

– Бевме повикани да ја провериме состојба на човекот на адреса во Брук Хил, на Норт Енд, веднаш по 08:10 часот во понеделник наутро, напишал портпаролот на полицијата во Есекс во своето соопштение.

– Четириесет и деветгодишниот маж е прогласен за мртов на лице место. Неговите најблиски роднини се известени. Смртта се третира ако сомнителна и ќе биде подготвено досие за обдукција, додава тој.

Полицијата се уште го истражува неговиот дом.

Еден од најпознатите британски бендови „Продиџи“ се прослави со песните „Breathe“ и „Firestarter“, а најновите шест албуми го достигнаа врвот на топ листите ширум светот.

Leave a Reply