Пцуеме и кога спиеме, но еден збор луѓето најчесто го изговараат во сонот

Сподели со своите пријатели

Мистериозни, збунувачки, понекогаш и страшни: Соништата се сето тоа и многу повеќе. Еве 20 неверојатни факти за соништата за кои (можеби) не сте слушнале.

1. Додека сонувате не можете да читате или да видите колку е часот

Ако не сте сигурни дали сонувате или не, пробајте да прочитате нешто. Мнозинството луѓе се неспособни да читаат во сон. Истото е и за часовниците: Секој пат кога ќе погледнете во часовник, тој ќе ви покажува различно време. Според луцидните сонувачи, стрелките на часовникот ќе бидат неподвижни.

ЗА ДОБАР СОН: Никако не станувајте ако се разбудите во сред ноќ

Loading...

2. Луцидни соништа

Има цела група луѓе кои практикуваат луцидни, или свесни соништа. Користејќи најразлични техники, овие луѓе научиле да ја преземаат контролата над нивните соништа и прават неверојатни работи, како летање, минување низ ѕидови и патување низ различни димензии, па дури и враќање назад во времето.

Што би се случило доколку не спиете една недела? (видео)

3. Пронајдоци инспирирани од соништата

Соништата се одговорни за дел од најголемите изуми на човештвото. Некои од нив вклучуваат:

Идејата за Гугл – Лери Пејџ

Генератор за наизменична струја – Никола Тесла

Двојната спирала на ДНК – Џејмс Вотсон

Машина за шиење – Елајас Хау

Периодичниот систем на елементи – Димитри Менделеев

… и многу, многу други!

Недостигот на сон го слабее имунитетот

4. Пророчки соништа

Постојат неверојатни случаи каде што луѓето сонувале работи што подоцна им се оствариле потполно исто како во сонот. Би можеле да кажеме дека ѕирнале во иднината, или пак дека можеби станува збор за едноставна случајност. Сепак, ова останува како интересен и чуден феномен. Некои од најпознатите пророчки соништа се:

Абрахам Линколн го сонувал своето убиство

Многу од жртвите од бомбардирањето на кулите Близначки имале предупредувачки соништа за оваа катастрофа

Марк Твен ја сонувал смртта на неговиот брат

Постојат 19 потврдени пророчки соништа за потонувањето на Титаник

Ефектот на бела бучава ги успива сите бебиња (видео)

5. Парализа во сонот

Пеколот постои и е наречен парализа во сонот. Тоа е вистински кошмар. Две од карактеристиките на овој феномен се неспособноста за мрдање (парализа) и чувството дека има нешто многу злобно во собата со вас. Чувството е многу реално. Студиите покажале дека за време на напад, луѓето кои страдаат од овој феномен покажале зголемена активност на амигдалата. Амигдалата е одговорна за инстинктот „брани се или бегај“ и за емоциите како страв, терор и анксиозност.

Како функционира мозокот кога мируваме? (видео)

6. РЕМ нарушување

Во РЕМ (rapid-eye-movement) фазата вашето тело е парализирано. Во ретки случаи луѓето почнуваат да ги глумат нивните соништа. Резултатот на ова се скршени раце и нозе, скршена покуќнина, и во барем еден случај, изгорена куќа.

Пиењето газирани пијалаци го нарушува сонот

7. Сексуални соништа

Овој феномен е многу добро документиран. Наједноставно кажано, сексуално се возбудувате во вашиот сон. Всушност, студиите покажале дека мажите добиваат до 20 ерекции во текот на само еден сон.

Скратувањето на сонот го старее мозокот

8. Неверојатните месечари

Месечарењето е многу ретко и понекогаш опасно нарушување. Тоа е екстремен случај на РЕМ нарушување, и луѓето кои месечарат не само што ги одигруваат нивните соништа, туку имаат цели авантури во текот на ноќта. Ли Хадвин е болничар, но во неговите соништа тој е уметник. Тој додека месечари црта прекрасни портрети за кои наредниот ден нема сеќавање. Чудни авантури на месечари вклучуваат и:

Жена што има сексуални односи со странци

Маж што возел 20-тина километри и го убил својот братучед

Месечар си излегол од прозорот на третиот кат, и едвај преживеал

Сонот и вежбањето ги лечат главоболките

Loading...

9. Дрога за сонување

Постојат луѓе кои толку многу сакат да сонуваат што никогаш не сакат да се разбудат. Тие сакат да сонуваат и преку ден, па затоа земаат илегална и високо халуциногена дрога наречена диметилтриптамин (ДМТ). Дрогата е всушност изолирана и синтетичка форма од хемикалијата што нашите мозоци ја произведуваат додека сонуваме.

Редовниот и квалитетен сон ги намалува ризиците од развојот на дијабетес

10. Ловец на соништа

Ловецот на соништа е еден од најпознатите индијански симболи. Тоа претставува мрежа ставена околу обрач и е украсен со свети предмети кои треба да ве заштитат од кошмари.

Зошто ни се спие после пладневниот оброк

11. Зголемена мозочна активност

Иако би го поврзале спиењето со мир и тишина, вистината е дека нашите мозоци се поактивни додека спиеме отколку во текот на денот.

За здрав сон не е важно колку долго спиете, туку кога си легнувате

12. Креативноста и соништа

Како што спомнавме погоре, соништата се одговорни за изуми, одлични слики и се многу интересни. Тие исто така ни ја „полнат“ креативноста. Во ретки случаи на РЕМ нарушувања, некои луѓе воопшто не сонуваат. Овие луѓе страдаат од значително намалена креативност и постигнуваат слаби резултати кај проблеми кои бараат креативно решение.

Жените не треба да спијат повеќе од седум часа

13. Милениците исто така сонуваат

Нашето другарче животинче исто така сонува. Набљудувајте куче или маче додека спие и ќе забележите дека мрдаат со нивните шепи и прават звуци како да бркаат нешто.

Климатските промени се една од причините за лош сон

14. Сонувате секогаш, само не се сеќавате

Многу луѓе тврдат дека воопшто не сонуваат, но тоа не е вистина. Сите ние сонуваме, но до 60 проценти од луѓето не ги помнат нивните соништа откако ќе се разбудат.

Како да спиете подобро? Корисни совети за подобар сон

15. И слепите сонуваат

Слепите кои го изгубиле видот во текот на животот гледаат слики во нивните соништа, но луѓето кои се родени слепи, не гледаат ништо во соништата. Тие сонуваат и нивните соништа се исто интензивни и интересни, но во нив се вклучени сите други сетила освен видот.

Како да се наспиете за само четири часа?

16. Во соништата гледаме работи што веќе ги знаеме

Докажано е дека во соништата секогаш гледаме лица што сме ги виделе барем еднаш во реалниот живот, дури и ако не се сеќаваме на нив.

Испрекинатиот сон е полош од недоволното спиење

Loading...

17. Соништата настојуваат да бидат негативни

Изненадувачки факт, но соништата се почесто негативни отколку позитивни. Трите најраспространети емоции кои ги почувствувале луѓето во текот на сонот се гнев, тага и страв.

Мозокот преку сонување ни предочува нерешени проблеми и нагони

18. Повеќе соништа во една вечер

Може да имате и до 7 соништа во една вечер, во зависност од тоа низ колку РЕМ циклуси поминувате. Ние сонуваме само во РЕМ фазата, а просечна личност сонува еден, до два часа секоја ноќ.

Зошто непреспиената ноќ предизвикува глад?

19. Полова разлика

Интересно, но 70 проценти од ликовите во машките соништа се други мажи, а женските соништа содржат ист број на мажи и жени. Исто така, соништата на мажите се многу поагресивни. И мажите и жените имаат ист број на соништа поврзани со секс.

Одморот е важен за здравјето!

20. Не секој сонува во боја

Околу 12 проценти од луѓето сонуваат само во црно-бело.

Pages: 1 2 3

Leave a Reply