Пчиња со натпросечен водостој

Сподели со своите пријатели

Реката Пчиња бележи натпросечен водостој за овој период од годината, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Според податоците собрани утринава од мерната станица во селото Пелинце, Пчиња имала водостој од 61 сантиметар, односно 15 сантиметри над просекот за овој период.

Само во изминатото деноноќие водостојот се искачил за дополнителни три сантиметри.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец пријавил злоупотреба од извршител „тешка“ над 158.000 денари