Пазариле во маркет во Куманово со фалсификувани евра

Сподели со своите пријатели

Со фалсификувани евра вчера три непознати лица пазариле во маркет во Куманово, по што вработените го пријавиле случајот во полицијата.

Loading...

– На 29.09.2021 во 10.30 часот во СВР Куманово, вработена во маркет на улица „11-ти Октомври“ Куманово пријавила дека на 28.09.2021 околу 13.30 часот три лица платиле за производи со фалсификувана банкнота од 100 евра, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски