Павловски: Со квалитетна културна и уметничка програма ќе го збогатиме социјалниот живот на граѓаните (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Нови фестивали, културен центар за постојана изложбена поставка, летен филмски фестивал на отворено, зачувување на локалната култура и низа програми од областа на културата денеска најави кандидатот за советник во Општина Куманово од независната советничка листа „За наше Куманово“ Николај Павловски.

Loading...

Како што рече тој, во изминатите четири години поддржани се повеќе од 130 настани преку Фондацијата за култура и спорт „Куманово“, а во идниот мандат, имаат за цел дополнително да придонесат кон вреднување на трудот на локалните културни работници, зголемувајќи ја мотивацијата за нивни нови достигнувања.

Во нашата програма предвидено е да ја збогатиме културната програма со повеќе проекти и манифестации и тоа: Кумановско културно лето со низа активности на Спомен костурница,  „Урбан Атак“ – фестивал на транс и техно музика, „Хип-хоп револуција“ – фестивал на хип-хоп и рап музика, „Рок фест“ – фестивал на рок групи, Мото-фест на интернационално ниво, Детски фестивал на песна, Театар на отворено на локалитет Спомен костурница, Културен центар или постојана изложбена поставка, во која ќе се следи развојот на Куманово како град низ слики, текстови, цртежи, а истото ќе биде и дигитализирано, Кино на отворен простор во рамките на реконструираниот градски парк, изработка на туристички водич за култура и историја на Куманово, со цел зголемување на туристички капацитети, промоции на локални атрактивни дестинации, рече Павловски на денешната прес конференција.

 

 

Како што потенцираше тој, ќе се зголеми буџетот за културна програма на пшѓтината со цел збогатување на програмата.

– Ќе организираме летен филмски фестивал на отворено, оштина Куманово ќе биде поттик за сите млади таленти од оваа област. По победата на 17-ти октомври предвидуваме и „Town fest“ – фестивал на рок музички групи во Куманово, Организација на наградни натпревари за применета уметност за сите генерации, Стипендии за талентирани и креативни млади луѓе, кои сакаат да творат во делот на културата и уметноста, Организирање на ликовни колонии и друг вид работилници за стимулирање на креативното творештво на сите заинтересирани лица, поддршка и промоција на нови филмски проекти, заштита и ревитализација на сите објекти и локации, кои се симбол на локалната култура, зачувување на локалната култура преку поддршка и стимулација на сите здруженија, кои се занимаваат со творечка дејност, додаде тој.

Loading...

Според Павловски, ќе се продолжи со активно организирање на сите културни настани и фестивали по кои е препознатливо Куманово, како и креирање на нови културни настани и фестивали за секоја присутна субкултура или тренд кој е популарен кај младите и повозрасните генерации.

– Ќе организираме големи културни настани, каде сите етникуми од овие простори ќе имаат можност да ги претстават своите културни вредности и  симболи во различни креативни форми, дружејќи се и учејќи едни за други, меѓусебно препознавајќи ги своите вредности. Сите овие предвидени проекти имаме во план да ги реализираме во следниот мандат 2021-2025. Но, за тоа ни е потребна вашата поддршка, рече тој.

Павловски ги повика граѓаните, на 17-ти октомври поддршката да ја дадат на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“.

– Дозволете ни да продолжиме со имплементирање на многу културни манифестации, афирмирајќи и негувајќи ја културата на сите етникуми, кои го сочуваат вистинскиот лик на наше Куманово! Гласајте за независниот кандидат за градоначалник Максим Димитриевски под реден број 80 и за независната советничка листа со Ивана Ѓорѓиевска под реден број 61, изјави Павловски.

Никола Ивановски