Павловски: СДММ Куманово со пораки за насилство врз членови на „За наше Куманово“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Портпаролот на граѓанската иницијатива „За наше Куманово“ денеска на прес конференција прикажувајќи фотографии од како што рече разговори на припадници на СДММ Куманово обвини дека врз нивните кандидати се вршат нови притисоци и се упатуваат пораки за насилство.

Loading...

 

 

Неговата прес конференција ви ја пренесува интегрално во продолжение:

 

 

Loading...

Локалните избори претставуваат натпревар на идеи, каде кандидатот за градоначалник со најдобри предлози за проекти победува и во следните 4 години заедно со неговиот тим на советници имаат можност да ги имплементираат предвидените проекти кои имаат за цел за да ја унапредат општината и да го подобрат квалитетот на живот на граѓаните.

Тоа што е особено важно е текот на изборниот процес, кој мора да биде фер и демократски, без закани, притисоци, омаловажувања.

За жал во Куманово, оваа изборна кампања не беше во кругот на демократијата. Како граѓанска иницијатива „За наше Куманово“ се соочувавме со секаков тип на притисоци, закани по живот, обиди за изнудување на средства од кандидат за советник, лажни обвинувања, злоупотреби на државен апарат.

Погледнете ги пораките, со каква недолична комуникација се служи нашиот противник, односно младината на Социјалдемократскиот сојуз предводена од нејзиниот претседател Мартин Захариев и кандидат за советник во пресрет на локалните избори во нивната група за комуникација, а се однесува на нашите кандидати за советници и активисти.

Самиот Мартин Захариев на своите партиски другари им вели „И после недела ќе има шамари и клоци по плоштади, мои блиски 2,3ца се наапани многу“.

По него, Драгана Коцевска од СДСМ Куманово истакнува „И ја сакам сс Николаја некој бокс“.

Но, тоа не е се. Истиот Мартин Захариев претседател на СДММ Куманово и кандидат за советник вели „Мене Маку новинара ли ќе ми га оставите“ и „Ајде да се поделиме кој со кого“.

Извесен Томче вели „Јас одам директива на Максо“, извесен Бојан вели, “Ја сс Надицу”, а повторно Мартин пишува „Надица не е на листа“.

Loading...

Инаку, почитувани граѓани, Надица е сопругата на актуелниот градоначалник, но и кандидат за втор мандат Максим Димитриевски.

По извесно време, Мартин Захариев пишува и „Спејко од сите ќе го јаде“, но, и „Најубав за тепање е Мако, не плаќаш оштета нема заби, тепај колку сакаш“.

Марио Тоневски вели “А ја на Крсту што ќе му направу, фамилија ќе му плаче”.

Во конверзацијата Милош Нинковиќ прашува “А со Ваце Павловски?” на што извесен Томче вели “Ти бе Мишо”, А Мартин Захариев на тоа вели “За косу и у ѕид ударање глава”.

Дали овие луѓе заслужуваат да се претставници на нашата младина, на нашата иднина?

Дали врз база на ова ги добиваат своите позиции и напредуваат? Оценете сами.

Почитувани,

Насилството не е решение за вашиот изборен процес. Насилството не може никој пат да победи, посебно не во Куманово.

Loading...

Кумановци секогаш знаеле да ја одберат вистинската страна кога насилствата биле главниот начин за дејствување и обид за освојување на нечија зацртана цел. Кај кумановци ова нема да помине!

Во недела, граѓаните ќе ги казнат ваквите погубни политики!

Во недела, на 31-ви октомври ќе победат граѓаните, затоа што сакаат Куманово да продолжи да се развива. Кумановци сакаат да имаат подобар живот. Кумановци сакаат да бидат слободни граѓани, каде секој граѓанин ќе може слободно да го искаже својот став без потоа да трпи страв поради одмазда и реваншизам. Затоа, во недела нашиот концепт победува!

Максим Димитриевски е најдоброто за Куманово! #ЗаНашеКуманово!