Павловски: Кој е кандидат за градоначалник од СДСМ во Куманово, Оливер Илиевски или Оливер Спасовски? (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Кандидатот за советник во идниот Совет на општина Куманово Николај Павловски денеска одржа прес-конференција на која јавно го постави прашањето дали некои државни институции се ставаат целосно во служба на изборите во Куманово.

Loading...

„Наместо министерот Спасовски да се занимава со својата работа тој заедно со началникот на МВР Куманово оди на партиски средби. Сведоци сме на секојдневен притисок врз граѓаните во Куманово. Овие фотографии јасно покажуваат за вклученоста на Спасовски и Стојанче Величковиќ како работат на терен во интерес на Оливер Илиевски. Ова се случуваше кога зборуваме дека МВР станало МВРО. Ова се случуваше во времето против кое сите се боревме? За ова ли се боревме, да ни се случува уште пострашно сценарио од минатото“, рече Павловски.

Во изминатиот период истите овие лица вршат притисоци врз вработени во СВР при Министерството за внатрешни работи, во здравствени установи, во
градинки и на вработени во образовните институции. Овие лица вработени во државните институции се приморани да доставуваат списоци со 10 до 15
гласачи. Видовме смс пораки како докази за овој притисок.

Павловски потсети дека пред само 2 недели, СВР Куманово три дена вршеше притисок врз работата на Општина Куманово и нејзиниот градоначалник Максим Димитриевски со стопирање на градежни работи кои се одамна започнати и влезени во годишната програма. „Оливер Спасовски од една страна бара партизација на МВР, од друга страна вработени во СВР Куманово ги користи за партиски средби. Каква е ова департизација на МВР? За што зборуваме ние? Какво е ова лицемерие. Оттука би сакал да го поставам прашањето. Кој е кандидат за градоначалник од редовите на СДСМ во општина Куманово? Дали тоа е кандидатот Оливер Илиевски или пак е кандидатот Оливер Спасовски?“, праша Павловски и побара од ОБСЕ и странските амбасади да реагираат на ангажманот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на локалните избори во Куманово, каде вработените на МВР се ставени во функција на извршување на партиски задачи.

Павловски истакна дека ова е срам што се случува, ова е срам да се „силува“ својот народ на сметка на партиски игри! „Нема да дозволиме ова да помине во Куманово. Нема да дозволиме да го скршите Куманово! Кумановчани знаат дека 17 октомври се сами зад параванот и дека таму никој не може да ги натера да гласаат против нивна волја. Ние од иницијативата Наше Куманово ќе останеме секогаш зад кумановчани“, рече Павловски.