Павел: Германија да заземе лидерска позиција во европскиот безбедносен сектор

Сподели со своите пријатели

Чешкиот претседател Петр Павел ја повика Германија да преземе лидерска позиција во безбедносниот сектор, за да се охрабрат и другите земји од Европската унија да го сторат тоа.

Loading...

За време на посетата на Берлин, Павел појасни дека Германија треба да заземе лидерска позиција во неколку области, вклучително и економијата, безбедноста и воените напори и обновата на Украина, пренесува Еурактив.

„Почнуваме да пишуваме ново поглавје во европската историја и убеден сум дека земја како Германија може да одигра одлучувачка улога во оваа фаза“, рече Павел по средбата со неговиот германски колега Франк-Валтер Штајнмаер.

Како што истакна, Германија може да покаже лидерство во многу области.

„Еден од нив е безбедноста и одбраната, не само со достигнување на прагот од два отсто од БДП, туку и со тоа што е една од земјите што може да ги предводи напорите за да ја направиме Европа побезбедна, под што мислам на зајакнување на европскиот столб на НАТО. , каде Германија може да одигра важна улога“, изјави чешкиот претседател, пренесува Танјуг.

Според него, Германија делува како „рамковна нација“ во многу проекти на НАТО, што значи дека обезбедува основна воена опрема, но и логистика и командна структура на помалите држави кои немаат капацитет да изградат свој.