Патрушев: Се сомневам дека проукраинска група го разнела Северен тек

Сподели со своите пријатели

Еден од најблиските соработници на рускиот претседател Владимир Путин, Николај Патрушев денеска изјави дека се сомнева оти гасоводот „Северен тек“ бил кренат во воздух од проукраинска група, теза која се појави во американската разузнавачка заедница и американските медиуми.

Loading...

Тој додаде дека Москва сѐ уште не знае кој стои зад саботажата на „Северен тек“, пренесува руската режимска агенција Интерфакс.

Николај Патрушев, генералниот секретар на рускиот Совет за безбедност, исто така рече дека „Украина не добива ништо со уништувањето на гасоводот“.