Локалниот патен правец кој води до селото Арбанашко е прооден, но истото не може да с екаже за патните правци во самото село односно, с. Арбанашко – с. Глабочица , с. Арбанашко – с. Дејловце и с. Буковљане, кои се уште се непроодни иако беше реагирано и пријавено уште на 22-ри овој месец.
Одговорното лице од Општина Старо Нагоричане гии информирало диспечерите во Регионалниот центар за управување со кризи дека општината не располага со механизација која би можела да го исчисти снегот на овие патни правци, бидејќи станува збор за стрмен планински терен, стои во дневниот билтен на РЦУК.
Од друга страна раководителот на Подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување вели дека не добиле писмено барање од општината за помош во расчистување на споменатите патни правци, а исто така не ги известила ниту фирмата која го добила тендерот за одржување на локалните патишта во Општина Старо Нагоричане која е надлежна да ги расчистува и одржува сите патни правци.
Инаку на 22-ри мештаните се пожалија дека поради завејаните патишта нивните деца не можат да одат на училиште, ниту возило на Итната медицинска помош би можело да пристигне доколку им затреба, но по се изгледа надлежните останаа глуви на нивните барања.