Патничка снимила породување на жена во авион (видео)

Сподели со своите пријатели

Авион на кинеската компанија  China Airlines слетал на Аљаска откако непланирано во авионот се случило породување на патничка која што родила девојче осум седмици пред терминот.

Loading...

За среќа, во авионот случајно патувал и лекар кој ја породил трудницата додека авионот се наоѓал на 9 000 метри надморска висина.

Пилотот барал дозвола за слетување на аеродромот во Алјаска, но 30 -тина минути пред слетувањето, жената родила девојче. По силниот бебешки плач, целиот авион ракоплескал.

На видеото што го снимила една од патничките се гледа како стујардесите го бришат бебето, како и штотуку породената мајка.