Патарината кај Романовце ќе се модеринизира со електронски систем за наплата

Сподели со своите пријатели

Премиерот Никола Груевски денеска во близина на наплатната рампа Романовце кај Куманово изврши увид во градежните активности за реализација на проектот за изградба и инсталација на електронски систем за наплата на патарини во Република Македонија, инвестиција вредна 18,7 милиони евра од кои 2,86 милиони евра се обезбедени од буџетот на Македонија, а останатите од Европската банка за обнова и развој.

1918903 1498171713823193 7072298920719264098 n

Loading...

Проектот предвидува преместување на нова локација во близина на сегашната на наплатните станици Романовце и Градско и нивно проширување од постоечките пет на десет сообраќајни ленти, изградба на две нови наплатни станици во Демир Капија и Гевгелија, како и реконструкција, проширување и модернизација на трите постоечки наплатни станици на Коридорот 10 во Петровец, Сопот и Отовица.

– Започнуваме со еден исклучително корисен, модерен и долгоочекуван проект во нашата земја. Со него е предвидена инсталација на опрема со која ќе се овозможи електронска наплата на патарините, ќе се забрза протокот на возила, ќе се намалат гужвите и застојот на патиштата, ќе се зголеми ефикасноста на наплатата на патарината и ќе се минимизираат злоупотребите и одговорноста на човечкиот фактор што беше честа појава во минатото, рече премиерот Груевски во поздравниот говор.

944962 1498171493823215 3124641788728946373 n
Тој прецизира дека патарините ќе се поминуваат на два начина – со купување на припејд или постпејд електронски уред со кој возилата нема да имаат потреба воопшто да застануваат на патарината, туку при нивното приближување наплатата автоматски ќе евидентира во нивните електронски уреди. Вториот начин, како што посочи, е со кроистење на припејд или постпејд картички кои возачите ќе ги евидентираат на електронските читачи на патарините. Картичките ќе можат првично да се купуваат пред патарините, а подоцна и низ другата продажна мрежа и ќе може лесно да се надоолнуваат.

1918903 1498171713823193 7072298920719264098 n
– Во двата случаја ќе се избегне контактот со пари. Патарините ќе се поминуваат многу побрзо и полесно, а земјава ќе добие најсовремен интегриран систем за наплата согласно директивите на ЕУ, рече Груевски.

12400816 1498171693823195 1940213244482051282 n
Најголем дел од активностите, како што кажа, ќе започнат и ќе се реализираат во текот на годинава, а помал дел ќе завршат во првите неколку месеци од следната година.

12410570 1498171557156542 4064744035470678179 n
Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски посочи дека реализацијата на овој проект ќе придонесе за нудење поквалитетни услуги на македонските автопатишта.

12439316 1498171847156513 5792204634790767728 n

– Започнуваме од патарината Романовце, бидејќи оваа наплатна станица е најтесно грло особено во летните месеци кога имаме зголемен прилив од странски граѓани кои минуваат транзит низ нашата земја. Предвидено е од пет ленти оваа наплатна рампа да ја проширме со десет ленти за поминување, рече Мисајловски и нагласи дека очекува градежните активности да завршат до јуни годинава и наплатната рампа целосно да профункционира.

Најави дека наскоро ќе започне и реконструкцијата на автопатската делница од Скопје до Куманово во двата правци, инвестиција со проценета вредност од 16 милиони евра.

12509693 1498171553823209 2166289563723265347 n
– Годинава, покрај изградбата на новите автопатишта и регионалните автопатишта кои веќе ги рехабилитираме, ќе започнеме со реконструкција на уште шест регионални автопатишта и изградба на нови пет експресни патишта со вкупна должина од 168 километри и инвестиција од околу 373 милиони евра, рече Мисајловски.

12510417 1498171627156535 8395175116708850372 n
Директорот на ЈП за државни патишта Александар Стојанов појасни дека со воведување на новиот интегриран систем за наплата на патарини, наплатата на патарините долж Коридорот 10 ќе се врши со користење на микробранови транспондери на крајната десна сообраќајна лента на движење на наплатните станици, при што, како што рече, возилата кои ќе ги имаат овие уреди нема да имаат потреба воопшто да застануваат, туку само да ја намалат брзината на 30 километри на час. На останатите сообраќајни ленти наплатата ќе се врши со користење безконтактни смарт картички.

ИЗВОР МИА