Патарината кај Петровец утре нема да врши наплата поради снимање филм

Сподели со своите пријатели

Скопската обиколница и денес е затворена до 18 часот поради снимањето на францускиот филм „A Fond“, а поради истите потреби, во сабота, односно утре од 5 до 18 часот наплатната рампа кај Петровец нема да врши наплата на патарина, известуваат од продукцијата Chic Films и Мануфактура.

Loading...

Тоа не значи дека нема да можете да поминувате тука. Патарината ќе има поставено соодветна патна сигнализација со која ќе ја заобиколите и нема да платите, а автопатот и сообраќајот ќе фунцконираат нормално.

Продукциите за овие затворања ќе ја чина 280.000 евра, пари за буџетот на државата, а поради снимање наскоро ќе биде затворен и автопатот Неготино-Велес, од 24 октомври во истите временски периоди, а сообраќајот ќе биде пренасочуван преку стариот патен правец Велес-Градско.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.